Машина за перење алишта експлодирала во стан на скопјанец, а неисправна инсталација во тоалет опожарила стан на негов согрѓанин, информираше МВР.
Во 5 часот во СВР Скопје Ј.П.(43) пријавил дека на улицата Трета Македонска Бригада, ја вклучил машината за перење во неговиот дом. Потоа слушнал екплозија од купатилото, при што машината се запалила. Тој се обидел да го изгасне пожарот но не успел, па ја повикал Бригадата за противпожарна заштита, па пожарот бил локализиран.
Од МВР информираат и дека утрово околу 3 часот на улицата Трифун Хаџи Јанев избувнал пожар во станот на С.Т.(51), кој не бил дома. Пожарот, кој избувнал во тоалетот го пријавил негов сосед. Пожарникарите го локализирале огнот, а станот бил запечатен до доаѓање на сопственикот. Околу 9 часот дошол С.Т. па бил направен увид, по што е утврдено дека причина за пожарот било неисправна електрична инсталација.