Најплодниот дел на Кина ќе стане ненаселив за 50 години

Еден од најгусто населените региони на Земјата, северната кинеска рамнина до крајот на векот би можеле да стане целосно ненаселива, предупредуваат научниците.

Новите истражувања покажуваат дека, освен ако не дојде до големо намалување на емисиите на јаглерод, климатските промени ќе доведат до влажни и топлински бранови кои до  2070 година можат регионот да го доведат до тоа да нема услови за живот, пренсеува CNN.

Резултатите од истражувањата  на кинеската северна рамнина, која го вклучува и главниот град Пекинг, се особено загрижувачки бидејќи голем број од 400 милиони жители во регионот се земјоделци, директно изложени на климатските услови. Според студијата, топлината и високата влажност можат да создадат услови кои убиваат дури и здрави луѓе.

Ова место во иднина ќе биде точка за смртоносните топлотни бранови, рече водачот на студијата, професор Елфејт Елтахир од Институтот за технологија (МИТ) од Масачусетс, додавајќи дека Кина со емисиите на гасови Кина во моментов најмногу придонесува за ефектот на стаклена градина, што потенцијално може да влијае на нејзиното население. Продолжување на емисиите на гас на сегашното ниво може да доведе до тоа најнаселените делови од најнаселената земја во светот да станат ненаселиви, рече Елтахир.

Проекциите се базираат на студии кои покажуваат дека луѓето не можат да преживеат на одреден праг на температура и влажност. Овој праг се определува со мерење, наречено температура на влажна сијалица (VBT), која се оценува со замотување на влажна крпа околу сијалицата (или сензорот) на термометарот, така што испарувањето на водата може да ја олади сијалицата.

На температура на влажната сијалица од 35 Целзиусови степени, здраво лице можеби нема да може да опстане на отворено повеќе од шест часа, покажаа истражувањата.

Студијата на МИТ покажува дека ризикот од смртоносни бранови значително се зголемил поради интензивното наводнување во овој релативно сув, но високо плоден регион. Зголемената ранливост на топлина се зголемува бидејќи со наводнувањето се изложува повеќе вода за испарување, што резултира со поголема влажност на воздухот отколку што инаку би била, велат авторите на студијата.

Наводнувањето го влошува влијанието на климатските промени, рече Елтахир, додавајќи дека во последните 50 години има значително зголемување на екстремни топлотни бранови во регионот.

Во извештајот се наведува дека, во склад со сценариото за емисиите на гасови со ефектот на стаклена градина, рамнината веројатно ќе доживее смртоносна топлина која го надминува прагот на температура која кинеските фармери се во можност да ја толерираат, а работат на отворено без клима уред.