СДСМ: Историската важност на реферндумот е препознаена, граѓаните се определени за македонска иднина во ЕУ и НАТО

Постигнатиот конечен Договор за спорот со Грција е патриотски чин преку кои се затвора 25-годишно прашање, се обезбедува иднината на Македонија како полноправна членка на ЕУ и НАТО и се зајакнува македонскиот идентитет, тврдат во писменото соопштение од понеделникот од владејачката СДСМ.

Според партијата на премиерот Зоран Заев, со Договорот со Грија постигнат во јули во Песмап „отстранета е последната пречка“ за евроинтегративниот процес на земјата.

„По години изолација, Македонија повторно е на патот кон ЕУ и НАТО. Датумот за почеток на преговори со
ЕУ е дефиниран, а обезбедена е и покана за влез во НАТО. На референдумот на 30-ти септември, граѓаните ќе го кажат последниот збор за иднината на Македонија во ЕУ и НАТО. Граѓаните се носители на суверентитетот, тие избираат на избори и на референдум, а нивната волја е неприкосновена и обврзувачка за сите“, се наведува во соопштенито на СДСМ.

Според социјалдеморкатите, граѓаните ја препознаваат „историската важност“ на референдумот, знаат дека Договорот за
спорот со Грција е „историски најдобра и фер шанса за еднаш засекогаш“ да се обезбеди македонската иднина, еднаш за секогаш да се обезбеди и гарантира македонскиот идентитет и македонската посебност.

„Граѓаните знаат дека во успешен реферндум стануваме дел од ЕУ и НАТО како Македонци кои зборуваат македонски јазик во македонска држава и дека тоа право веќе никој нема да им го негира или опсорува. Мнозинството граѓани е цврсто определено за влез во ЕУ и НАТО и затоа на 30 септември, на референдум слободно, без пристисоци, одлучно и достоинствено ќе кажат ДА за ЕУ и НАТО преку прифаќање на Договорот со Грција, силно и одлучно ќе кажат ДА за македонската иднина“, порачуваат од СДСМ.