
Денеска ќе бидат одиграни сите натпревари од вонредното 29. коло во македонската Прва фудбалска лига, а убедливо најголемо внимание привлекува дуелот на националната арена “Филип Втори” помеѓу вечните ривали, Вардар и Пелистер.
Според моменталната состојба на првенствената табела, за нијанса поголеми шанси кога е во прашање шампионската титула има битолскиот прволигаш па поради таа причина, Вардар нема право на нов кикс и има само една обврска да ги освои сите три бода.
“Одиме на победа, мора да одиме на победа, бидејќи ова ни е последна шанса, сите кредити ги искористивме и немаме право на грешка. Јас искрено се надевам дека уште имаме шанси да бидеме шампиони иако Работнички има предност од 5 поени. Се додека имаме и теоретски шанси за титулата ние не се откажуваме, ќе играме и ќе се бориме до крај. Се надевам дека овој пат публиката ќе дојде во поголем број, за да ни ја даде подршката која навистина ни е потребна“, изјави стандардниот првотимец во дресот на Вардар, Филип Петров.
Денеска на програмата: Работнички – Металург, Брегалница – Гостивар, Еуромилк – Македонија ЃП, Хоризонт Т. – Ренова, Шкендија – Напредок, Вардар – Пелистер.