Бројот на загинати во Ломбок се искачи на 142

Најмалку 142 лица загинаа во силниот земјотрес кој вчера го погоди индонезискиот остров Ломбок, соопштила агенцијата за управување со катастрофи.

Повеќето жртви биле на северната страна на Ломбок, во близина на епицентарот на земјотресот со магнитуда од 6,9 степени, додека две лица загинале на соседниот остров Бали, вели портпаролот на агенцијата, Сутопо Пурво Нугрохо и додал дека бројката на жртви расте.

Спасувањето и собирањето податоци за жртвите е во тек, изјавил Нугрохо на конференцијата за новинари, напоменувајќи дека засега нема странци помеѓу жртвите.
Медиумите пренсеуваат дека проблемот е недостаток на средства и ресурси за извлекување на настраданите.