Кампања и притисок на клиниките и меѓу студентите на Медицинскиот факултет во Скопје. Професорите наместо да се грижат за образовабието на студентите, или здравствената политика, како и за пациентите тие интензивно се вклучуваат во актуелните теми и тоа ни помалку ни повеќе со повик до сите студенти да излезат на претстојниот референдум, пишува „Република“.
Професорката на Медицинскиот факултет Даниела Чапароска коментирајќи на Фејсбук на постови кои некогаш се за негогаш против референдумот на еден од нив ги повикува студентите да гласаат, и оди и понатаму вели „тоа е единствената шанса да се вреднува вашиот труд и залагања“.
-Ги повикувам сите студенти на Медицински факултет, по општа медицина медицина, стоматолози, физиотерапевти, логопеди, високи медицински сестри и радиолошки технолози си кои сите овие години деноночно работевме и да ги совладуваме задачите да излезат на референдум зошто тоа е единствената шанса да се вреднува вашиот труд и залагања. Ние сите заедно сакаме да бидеме дел од ЕУ и НАТО!, коментира професорката Чапароска на Фејсбук.