Со автомобил се забил во паркиран камион

Скопјанец е тешко повреден откако автомобилот што го управувал се удрил во паркиран камион, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила вчера околу 23 часот на крстосницата од регионалниот пат Скопје- Хец „Козјак“ и улица „1“ во село Батинци. Тогаш автомобил „тојота јарис“, кој го управувал Н.Н. (22) од Скопје удрил во паркиран камион „МАН“, паркиран од М.О. (49) од Скопје.

По незгодата, Н.Н. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во приватната здравствена установа „Аџибадем Систина“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.