Лавров: Русија ќе се одмазди ако Русите во Украина се загрозени

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави дека Русија ќе се одмазди ако интересите на руските државјани во Украина се загрозени, како што беа во Јужна Осетија.

Тој поочил дека  Москва нема причина да не верува во тоа дека Американците „ја водат играта“ во Украина.

„Нема причина да не веруваме дека Американците ги влечат сите конци. Индикативно е што го избраа моментот за посетата на потпретседателот Џо Бајден на Украина во моменти на продолжување на акцијата на властите во Киев, откако започнувањето на самата операција се случи по посетата на шефот на ЦИА Џон Бренан. Руските трупи остануваат на територијата на Русија и не ја минале границата со Украина“, изјавил Лавров за државната радио и телевизија.