
Во Швајцарија е снимена опасна поплава од кал која носела и уривала се’ што ќе се испречело пред неа.
Поради силните дождови, од планината во Шамозон се откорна големо количество вода во комбинација со земја и парчиња карпи. Оваа густа каллива маса со парчиња камења набрзо од планината дошла до местото и направила хаос.
Локалното население снимило како оваа стихија од каллив излив од коритото го прекрива градот.
Кога масата стигнала до мостовите, не можела да помине под неа па парчињата кал и карпи летале во воздух заканувајќи се да ги повредат жителите. Како што се гледа на снимката, опасни парчиња кал и камења паѓале на патот, врз автомобилите и блиските куќи.
https://www.youtube.com/watch?v=jqGZ4Yfq_aU