Лимар од Штип бил тешко повреден откако паднал од објектот на кој извршувал работни задачи, информираше МВР.
Според полицијата, несреќата се случила вчера околу 13 часот на улицата Гоце Делчев во Штип.
При изведување градежни работи на станбен објект, О.С. (54) од Штип, вработен како лимар, од засега непознати причини паднал од висина од 3,5 метри на бетонски под. Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница Штип каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Поради сериозноста на повредите тој бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.