Упатувал смртни закани затоа што не му дале невеста

Тетовец се заканувал со пиштол, бидејќи семејство во гостиварско село одбило да му даде невеста информираше во саботата Министерството за надворешни работи.

Во гостиварската полиција синоќа 28-годишен жител на селото Здуње, гостиварско, пријавил дека околу 19.30 часот пред неговата куќа дошло лице од село Врапчиште, тетовско, кој ја побарал за сопруга неговата сестра.

Откако тој не дозволил, тетовецот извадил пиштол и му се заканил дека ќе го убие, по што заминал.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето и за расчистување на случајот.