Стотици повредени во судирот на романската полиција со антивладините демонстранти

Повеќе од 440 лица се повредени ноќта кон петокот во судир на романската полиција и антивладини демонстранти на протестот во Букурешт, што гo организираа Романци кои живеат во странство.

До судирите дојде кога дел од учесниците на протестите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон пред зградата на романската Влада, каде што се одржуваше протестот.

Демонстрантите фрлале со пластични шишиња и со бетонски плочи, а полицијата возвратила со солзавец, а употребила дури и водени топови за разбивање на демонстрантите. 100 демонстранти побарале медицинска помош, а 10 полицајци се повредени.

Романскиот претседател Клаус Јоханес, остро ја осуди „бруталната интервенција на полицијата“ за разбивање на демонстрантите. Дел од медиумите објавија дека на протестите имало од 30 000 до 50 000 лица.

Демонстрантите носеа романски и знамиња на Европска унија и извикуваат „Правда, а не корупција“. Во јули романскиот претседател, под силен притисок од владеачката партија го потпиша разрешувањето на обвинителката Каура Ковеши која ги водеше главните истраги за корупција на поранешни и актуелни политичари.