
Петмина пожарникари извлекоа човек кому му се превртел чамецот попладнево во Смилковското езеро.
Командирот на Бригадата за противпожарна заштита, Ѕвонко Томевски за САКАМДАЖАМ.МК вели дека во 13:26 било пријавено дека во Смилковско езеро се превртел чамец со човек, а целата интеревенција завршила во 14,30 часот.
Човекот, кој е во средни години, е префрлен со Итна медицинска помош и е во стабилна состојба, вели Томевски.