Пред 70.000 млади во Рим папата ја критикуваше слободата без обврски и ограничувања

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во саботата ја критикуваше слободата без обврски и ограничувања пред околу 70 илјади млади Италијанци коишто го поздравуваа како рок-ѕвезда на накогашниот древен римски хиподром „Циркус Максимус“, пренесуваат медиумите.

„Да се има избор, да се одлучува за себе, ни се чини израз на најголемата слобода, што на некој начин и е тоа. Но идејата за слободата кон која тежнеме денес е идејата на слобода без обврски, без ограничувања и секогаш со некој изговор“, предупреди папата во неговиот одговор поставен од младите.

Во текот на неподносливата горештина, младите аџии од околу 200 италијански бискупии стасаа во „Циркус Максимус“ по неколкудневен аџилак на оваа верска ноќ и концерт.

Младите коишто родителите ги поитуваат да ги завршат студиите и за подоцна да ги одложат љубовните врски, папата ги советуваше да се венчаат доколку ја сретнат вистинската љубов, но и да ја разликуваат вљубеноста од љубовта.

„Љубовта не дозволува полумерки. Во љубовта мораш да дадеш се’ од себе“, рече папата Франциск и ја употреби поговорката од неговата татковина Аргентина којашто вели дека „мораш да го испечеш сето месо“.

Иницијативата на италијанскиот епископат е дел на големиот проект на Римокатоличката црква пред октомври кога се одржува синодата посветена на младите, три години по последната синода за смејствата. Светскиот ден на младите ќе се одржи од 22-ри до 27-и јануари следната година во Панама, во присуство на папата Франциск.