Цариниците спречиле шверц на гасен пиштол, минатата недела на граничниот премин Богородица, информираше Царинската управа.
Оружјето било откриено во македонски автобус кој сообраќа на релација Истанбул-Скопје, кој се пријавил за влез во земјава. Пиштолот марка „Блоу“ со калибар од 9 милиметри и 50 парчиња муниција за гасен пиштол „Зубер“со калибар 9 милиметри биле скриени во двојното дно на патна торба, сопственост на македонски државјанин кој патувал со автобусот.
Истите се привремено задржани а против патникот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.