
Владата денeска на седница ќе го разгледа предлогот за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски, кој беше поднесен од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, откако се утврди дека со службеното полициско возило се превезувале членови од неговото семејство надвор од Македонија.
Сѐ уште не е познато кој ќе го наследи, иако во јавноста се појавија имињата на неколку можни кандидати за оваа висока полициска функција.
Лазе Велковски ќе остане во МВР, дури и ако Владата го прифати предлогот за негово разрешување.
Како што вчера истакна премиерот Зоран Заев, Велковски и да биде разрешен ќе остане да работи во МВР.