
Хрватскиот ракометар Блаженко Лацковиќ, по потпишувањето на тригодишниот договор со македонскиот шампион Вардар, за интернет страницата на германскиот Хамург изјави дека му е жал што ја напушта Бундеслигата, но и дека им се радува на новите предизвици.
„Од една страна ми е жал што ќе ги напуштам Хамбург и Бундеслигата по толку долго време, но од друга страна сум среќен што одам во амбициозен клуб како што е Вардар. Вардар е екипа која наредната сезона ќе го нападне европски врв. а Македонија стана ракометна земја“ откри Лацковиќ.