Германскиот железнички оператор „Deutsche Bahn“ и телекомуникацискиот гигант „Deutsche Telekom“ oбјавија во четвртокот дека ги затвораат проектите во Иран по новите американски санкции за Техеран и заканите од Вашингтон дека компаниите коишто ќе останат присутни во оваа земја ќе им биде забрането да работат во и со САД.
Новите американски санкции за Иран стапија на сила минатата седмица и неколку европски компании веќе ги запреа планираните вложувања во Иран, вклучително и францускиот нафтен гигант „Total“, чиешто место го зазема кинеска компанија, a особено производителите на автомобили, француските „PSA“ и „Renault“, како и германски „Daimler“.
Германското државни железничко претпријатие „Deutsche Bahn“ е вклучено преку својата филијала „DB Engineering & Consulting“ во два проекта во Иран, изјави портпаролката во четвртокот.
„Двата проекта ќе бидат затворени во август, односно септември 2018 година. Поради измените на банкарската практика, баравме договорите да се заклучат пријателски и правовремено“, додаде.
Во мај 2017 година „Deutsche Bahn“ потпиша со иранскиот железнички оператор „Bonyad Eastern Railwaysom“ (BonRail) меморандум за разбирање за проект чијашто цел беше утврдување и развивање на потенцијалите во сегментот на вагони и организација, прецизираше портпаролката на германската компанија.
Вториот проект е започнат пред околу 18 месеци, а предвидуваше давање советодавни услуги за иранската државна железница RAI, вклучително и совети за реконструкции, додаде.
Одвоено активносите во Иран ги запре и „Detecon“, филијала на компанијата „T-Systems“, оддел во „Deutsche Telekom“, за услуги во областа на инфоратичките технологии, истакна неговиот портпарол. „Detecon“ нуди советодавни услуги на компаниите во секторот телекомуниакции.
„До одлуката а запирање на активностите прихофите во иран достигнаа во 2018 година околу 300.000 евра. Имајќи ја предвид чувствителноста на односите со Иран во светот, ’Detecon’ го прекина работењето во Иран, а одлуката моментално стапи на сила кон средината на мај 2018 година“, објавија во четвртокот од компанијата.
Одлуката за завршувањето на работата на „Deutsche Telekom“ во Иран е објавена непосредно по објавата дека „T-Mobile“, американската филијала на германската компанија, ќе го купи американски „Sprint“ во рамките на трансакција во износ од 26 милијарди долари, којашто мора да ја одобрат американските регулатори.