Холанѓанец прегазил скопјанец

Холандски државјанин прегазил скопјанец, вчера во Скопје, информираше МВР.

Според полицијата, сообрачајната несреќа се случила околу 9 часот на булевар Никола Карев.

Тогаш автомобил „БМВ 530“ со холандски национални ознаки, управуван од А.А. (30) од Холандија, удрил во пешакот Џ.Р. (62) од село Визбегово. Пешакот добил  тешки повреди  и бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. По укажаната помош тој бил задржан на лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.