Од куќа украдени 20.000 евра

Жител на прилепско Кривогаштани останал без 20.000 евра кои му биле украдени од куќата, информираше МВР.

Според полицијата, кражбата се случила вчера во периодот од 3 до 8 часот во куќа сопственост на М.Ш.(60), кој во тоа време спиел. Крадецот провалил во куќата и зел околу 20.000 евра.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.