Сакал да ја задави седумгодишната ќерка која му дошла на гости

Кратовец сакал да ја задави својата ќерка и и се заканувал на мајка и, информираше МВР.

Станува збор за Т.М. (41) од село Куклица, кратовско, против кого полицијата поднесе кривична пријава. Тој се товари за кривично дело загрозување на сигурноста при семејно насилство.

Според полицијата, инцидентот се случил во саботата во домот на осомничениот во Куклица. Тој под дејство на алкохол ја загрозил сигурноста на својата седумгодишната ќерка, која била дојдена на средба и видување заедно со нејзината мајка. Насилникот почнал да го притиска детето во пределот на вратот и главата и упатувал навреди и закани по животот на неговота поранешна сопруга.