
Поради тешката сообраќајна несреча којашто се случила во петокот околу 16,40 часот сообраќајот на магистралниот пат Штип-Кочани привремено е во прекин.
АМСМ јавува дека се случила сообраќајна незгода на потекот пмеѓу селата Чешиново и Облешево, поради што сообраќајот се пренасочува.
Засега нема детали за сообраќајната несреќа и евентуално настрадани.