
Околу 3.000 луѓе се собраа во Џенова за погребната церемонија и погребот на жртвите од падот на автопатот Моранди во Џенова.
Во несреќата загинаа 42 лица. На погребната церемонија беа погребани 18 лица. Церемонијата ја водеше Архиепископот на Џенова, Анџело Багногоја.
Закопот кој го организираше државата го одбија повеќето од семејствата на загинатите, меѓу кои и на четирите млади жртвите од Неапол, кои за трагедијата ја обвинуваат државата. На церемонијата присуствуваше и претседателот на Италија Серџо Матарела, кој претходно го посети местото каде се урна мостот. На закопот дојдоа и спасувачите, кои беа пречекани со ракоплескање.
Семејставата на загинатите уште вчера се собраа во халата каде денеска се одржува погребната церемонија каде на редицата ковчези полагаа свеќиња, фотографии. Денешниот ден е прогласен за ден на жалост во Италија.
Погребот беше емитуван во живо од националното радио и телевизија во Италија.
Ова, сепак, предизвика силно незадоволство кај некои од родителите и роднините на загинатите.
Државата го предизвика ова, а присуството на политичарите е срамно , рече мајката на 26-годишен маж, кој почина во инцидентот, заедно со уште тројца мажи на слична возраст.