
Жител од Кочани се заканувал на сограѓанка дека ако не биде со него ќе објавeл на социјалните мрежи нејзини слики со компромитирачка содржина, а потоа неколку пати ја силувал во неговиот дом.
Полицијата го уапсила М.Л.(46) од Кочани и против него поднела кривична пријава за силување.
Истрагата утврдила дека осомничениот во периодот од ноември 2017 до 9 јули годинава во неговиот дом во Кочани, и се заканувал на девојката дека ќе објави нејзини слики со компромитирачка содржина и ја силувал.