
Администрацијата ја американскиот претседател Доналд Трамп не размислува за можно признавање на суверенитетот на Израел над Голанската висорамнина, изајви во средата неговиот советник за национална безбедност Џон Болтон.
Израел освои поголем дел од Голан во ткн Шестдневна војна со арапските соседни земји во 1967 година и го анектираше ова подрачје на Сирија во потег кој како и во случајот на палестинската енклава Западен брег (на реката Јордан) и со источен Ерусалим нема меѓународна поддршка. Висок израелски функционер во мај годинава, во пригодата на означувањето на преселувањето на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим по објавувањето на Вашингтон дека го признава целиот Ерусалим за израелска престолнина, рече дека американското признавање на израелскиот суверенитетот на окупираната висорамнина ќе следи за неколку месеци.
„Ја слушнав таа идеја, но за неа не се расправа, нема одлука во американската влада. Очигледно е дека го сфаќаме израелското тврдење дека ја анектирале Голанската висорамнина, го разбираме нивниот став, но засега нема промена во американскиот став“, истакна Болтон во текот на посетата на Израле.
Палестинците за својата идна држава ги бараат другите територии, коишто Израел ги окупира истата година кога и Голан, односно Западниот брег, Појасот Газа и источен Ерусалим, како главен град. Преговорите за ова прашање во кои посредуваа САД беа прекинати во 2014 година. Владата на претседателот Доналд Трамп се обиде повторно да ги поттикне дипломатските преговори, но ги одби претсдателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, откако Вашингтон минатиот декември го прина Ерусалим како неделива израелска престолнина.
САД сигнализираа и дека би можел да го прифати израелското населување на Западниот брег, што не го прифаќа инаку меѓународната заедница, бидејќи од реферирањета за оваа облат во своите документи ја исфлрија придавката „окупирана“.
Одговарајќи на прашањето дали сегашната американска администрација го гледа воспоставувањето на палестинска држава како пат на напредок во преговорите, Болтон, кој инаку важи за голем поддржувач на Израел, сепак беше претпазлив.
„Мислам дека американскиот став веќе долго време е тоа дека на крајот околу тоа треба да се согласат Израелците и Палестинците… Никој нема да го наметнува мирот на тој начин“, рече советникот за национална базбедност на Белата куќа и заклучи дека продолжувањето на преговорите ќе зависи од Абас.