
Несериозно би било доколку би се затвориле во една канцеларија и би договориле од прилика како би бил нашиот став за референдумот и би излегле два-тројца од нас и би го бранеле тој став пред јавноста. ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и логично е бидејќи на тоа го темели и своето битисување како организирана политичка сила во државата, логично е да излезе на терен и да се консултира со народот.
Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто за Телевизија Сител.
Според досегашните анкети за расположението кај граѓаните, Мицкоски вели дека тие се поделени на три групи.
-Граѓаните се поделени на три групи- најмалата е онаа група која би излегла на референдум и би се изјаснила ЗА договорот, таа е во рамките на една статистичка грешка. Отрилика другите граѓани во Република Македонија кои се интервјуирани за време на акцијата „Лето за Македонија“ ги оставаат другите опции за размислување.
Тој вели дека консултациите со граѓаните траат и дека во акцијата “Лето за Македонија“ се посетени 50 илјади домаќинства
Се’ уште трае процесот на консултации кој што го правиме со граѓаните на Република Македонија. Вчера го добив пресекот некаде околу 50 илјади домаќинства се посетени со нашата акција “Лето за Македонија“. Минатата недела имавме состаноци со извршниот и централниот комитет и отворивме дискусијата на оваа тема. Дебатата внатрепартиска е почната и се спушти на ниво на општински комитети на месни комитети, рече Мицкоски.