Истече рокот за проверка на Избирачкиот список

Истече рокот за проверка на Избирачкиот список и за пријавување на граѓаните од дијаспората за гласање. Од 87.000 граѓани кои живеат во дијаспората, само 2.755 изразија интерес да се појават за гласање на референдумот за името. 100 од пријавените беа одбиени поради немање на потребната документација и немање на постојан престој во Македонија.

Од вкупно 50 дипломатски претставништва ширум светот, во 33 од нив ќе бидат отворени избирачки места, бидејќи во другите 17 амбасади, не е исполнет бројот од над 10 пријавени, што е услов за отворање на гласачко место. Трошоците за спроведување на референдумот во дијаспората ќе чинат околу 12 милиони денари, што е една третина од трошоците направени на минатите избори за дијаспората.

Бројот на граѓаните во земјава кои го прегледаа Изборниот список во канцелариите на ДИК достигнаа околу 6.000. Од ДИК објавија дека Министерството за внатрешни работи подготви лични карти за околу 300 затвореници кои немале документи за идентификација за истите да можат да гласаат на референдумот.