
Американскиот републикански сенатор Џон Мекејн и републикански претседателски кандидат во 2008 година одлучи да го прекине лекувањето на ракот на мозокот, соопшти неговото семејство.
Во соопштението се наведува дека ,,тој ги надминал очекувањата за преживување на болеста, но со оглед на неговите години и тешката болест која напредува, се одлучил да го прекине лекувањето”.
На 81-годишниот Мекејн во 2017 година му беше дијагностициран агресивен облик на рак на мозокот. Тој учествувал во Виетнамската војна, каде повеќе од пет години биле заробен и мачен. Мекејн кој е поранешен воен пилот, морал да се катапултира со падобран бидејќи неговиот авион бил погоден во 1967 година над Ханој.