Странските туристи одушевени од падот на турската лира

Туристичките аранжмани за Турција никогаш не биле поповолни, истакнуваат турските медиуми.

Вредноста на лирата во однос на доларот и еврото во однос на изминатите неколку недели падна за скоро третина.

За година дена лирата во однос на доларот паднала за 100%, а во однос на еврото за 85%.

За кратко време туристи од целиот свет се слејаа во Турција.

Британците истакнуваат дека во однос на лани имаат за 63% повеќе букирани аранжмани.

Причина за ова е што лирата за година дена падна за 50% во однос на фунтата.

Туристи од Балканот кои биле во Турција раскажуваат дека ако за еден ден за 100 евра можеле да добијат 570 лири, утре се случувало да добијат 680 лири.