СДСМ нема право да зборува за лицемерие бидејќи со лицемерие тие дојдоа на власт, одговараат од ВМРО-ДПМНЕ на реакцијата на СДСМ.
СДСМ мора да биде поинвентивен затоа што вака не престанува да си дава автоголови. СДСМ нема право да зборува за лицемерие бидејќи со лицемерие тие дојдоа на власт. Тоа е партија којашто велеше дека со пенкало урнала режим, а сега со истото такво пенкало ја запечатува иднината на државата менувајќи го нејзиното име и откажувајќи се од македонскиот идентитет. СДСМ е партија чијшто лидер е аболиран за случај каде што постоеше сомнение за криминал од 8,5 милиони евра и ослободен од партизираното судство за случај за поткупот од 200 илјади евра. Судот го ослободи но, снимката како страствено премиерот бара пари останува.
СДСМ дојде на власт со ветување дека нема да има смртни случаи во здравството заради негрижа, но во здравството заради негрижа умираат луѓе секојдневно. Ветуваа дека нема да се задолжуваат, но задолжувањето достигнува енормни граници. Ветуваа дека ќе работеле домаќински ,а сумата од 670 илјади евра за цвеќиња којашто планираат да ја истрошат покажува нешто сосема друго.
Сето ова не може да се опише поинаку, освен со лицемерие, а лицемирието така станува второ име за СДСМ и за Зоран Заев. Што се однесува до самиот предлог за пренамена на средствата за референдум сметаме дека наместо скапи кампањи за референдумот, образованието мора да има предност. Подобро е едно направено училиште, отколку скапи кампањи платени со државни пари.