
Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кој јавно поддржува бојкот на референдумот за името, на Твитер напиша за средбата на министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров и неговиот американски колега Мајк Помпео.
Еве што напиша Милошоски на Твитер:
Интересни поенти од средбата на @NDimitrovMK со држ.секретар Pompeo
Прашан за прогноза за референдумот, Димитров рекол “тешко да имаме цензус, очекувам да гласаат меѓу 600 и 700.000 граѓани”.
Ни @VladaMK не верува во успешен референдум дури и со полнење кутии во Арачиново и Шутка
Министерот Димитров реагираше преку својот Фејсбук профил. Еве што напиша таму:
Историската раскрсница пред Македонија, пред сите нас – кон иднина или назад во изолација – создава обврска за одговорност. Иако повеќе би сакал да се бавам со тоа што е суштинско, поради важноста во овој момент да не се остави ниту една нерасчистена дамка, и само поради тоа, потребно е да укажам на следново:
Твитот на пратеникот Антонио Милошоски за содржината на мојот разговор со Државниот секретар на САД Мајкл Р. Помпео, е груба политичка манипулација и безобразен школски пример за создавање лажни вести.
Не фрлајте пари на скапи плочки – еве како најевтино да ги обложите скалите!