Во Дебар синоќа се случи тројно убиство. Смртно се застрелани маж, неговата сопруга и нивната 13 годишна малолетна ќерка. Семејството кои времено живееле во Италија. Сторителот засега е непознат.
Полициската станица од општа надлежност во Дебар за настанот добила дојава од граѓанин, по што била известена Општата болница. Екипа на итната медицинска помош веднаш приситгнала, но за жал лекарот само констатирал смрт.
Мотивите за тројното убиство се непознати.
Поради тежината на кривичното дело тоа е под надлежност на јавното обвинителство од Гостивар.
Основното јавно обвинителство Гостивар врши увид во куќата во Дебар каде што се пронајдени безживотни тела на трите лица.