Џинобили ја заврши играчката кариера

Легендарниот аргентински кошаркар, 41-годишниот Емануел Ману Џинобили, објави во понеделникот дека неговата 23-годишна професионална играчка кариера е завршена.

„Објавувам крај на кариерата. ГОЛЕМО БЛАГОДАРАМ на сите (семејтвото, соиграчите, пријателите, тренерите, навивачите) кои беа дел од мојот живот во последните 23 години. Ова беше феноменално патување, подобро и од моите најлуди сни“, објави Џинобили на Twitter.

Откако во 2002 година стаса од Виртуз од Болоња во најсилната кошаркарска лига на светот – американската НБА, Џинобили 16 години мината во тимот на Сан Антонио Спарс освојувајќи четири шампионски прстени, во 2003, 2005, 2007 и во 2014 година.

Со аргентинската репрезентација Џинобили во 2004 година во Атина стана и олимписки шампион.