Како што се приближува крајот на предизборната кампања, СДСМ станува се понервозен и во очај и паника знаејќи дека ќе ги загуби изборите монтира и фалсификува документи. ВМРО-ДПМНЕ со докази и документи го потврди фалсификатот кој Заев го изнесе во јавноста од извесен Загорец Тумбовски, изјави Илија Димовски.
Според него Заев и Тумбовски имаат многу заедничко, и двајцата не го сакаат ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи и двајцата се кривично гонети за време на владеењето на оваа партија. Димовски додаде дека Заев и Тумбовски би биле најсреќни кога не би се бркале криминалците и кога тие двајца би можеле да работат како што работеле претходно, а да не одговараат за тоа.
Димовски обвинува дека дузина осудени, гонети и аболицирани за тешки криминали од повеќе милиони евра се здружиле и монтираат фалсификат.
СДСМ монтира, лаже, фалсификува и бега, но овие лаги веќе не поминуваат кај народот, кој знае да направи разлика и да препознае кој работи чесно и макотрпно, а кој сака со лаги и фалсификати да се приграби до власта, посочи Димовски.
Тој уште еднаш јавно го праша лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој го фалсификувал документот, каква соработка имале со Тумбовски и дали СДСМ за возврат му ветил помилување на Загорец, кој е осуден на казна затвор од шест години.
Воедно истакна дека не му е јасно како човек кој претендира да биде премиер соработува со криминалец осуден за перење пари, затајување данок и фалсификување документи.