
Времето во Македонија во среда ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер, а УВ индексот ќе има вредност 7.
Максималните дневни температури ќе се движат во интервалот од 25 до 28 Целзиусови степени на запад и југозапад, и од 28 на истокот до максималните 33 на југоистокот од земјата.
Во централните делови и во Скопје темпрературата ќе достигне 32 степени.
До петок ќе се задржи постабилно и сончево време со пораст на дневните темератури. Во петок ќе биде топло, а најпрвин во западните делови се очекуваат врнежи од дожд проследени со грмежи. Услови за повремен дожд ќе има и во сабота на повеќе места, но без позначителен интензитет.