Вечерва започнува венециската Мостра

Со филмот за слетувањето на првиот човек на Месечината, Нил Армстронг, „ First Man“ на 33-годишниот Демиен Шазел со Рајан Гослинг во главната улога, вечерва се отвора 75-то издание на Венецијански филмски фестивал.

Со светските ѕвезди како Рајан Гослинг, Леди Гага и Ванеса Редгрејв, ангажирани филмови кои говорат за расизам или за тероризамот, контроверзиите поради вклучувањето на продукцијата на Netflix и само една режирка во натпреварувачкиот дел од еден од најреномираните филмски фестивали… 75-та венецијанска Мостра оваа година се разликува од претходните, бидејќи повеќе од кога и да е досега го карактеризираат гламурот и контроверзиите.

Во конкуренцијата за Златниот лав се натреваруваат 21 филмско остварување, меѓу кои се филмовите на Жак Одијар, Лука Гуаданињо, Итан и Џоел Коен, Демиен Шазал и Алфонсо Куарон, а доделувањето на престижните награди ќе се одржи на 8-ми септември во Палатата на филмскиот фестивал на венециското Лидо, познатата локација на којашто е снимен култниот филм на славниот италијански режисер Лучиано Висконти – „Смрт во Венеција“.

Со годинешното жири ќе претседава мескиканскиот режисер Гиљермо Дел Торо, минатогодшниот добитник на Златниот лав за филмот „Формата на водата“.

Австралиската актерка и режисерка Џенифер Кент е единствената режисерка којашто се натпреварува за годинешниот Златен лав со филмот „The Nightingale“. Изастанувањето на поголем број режисерки на Мостра ги поттикна феминистичките зруженија на 11-ти август на уметничкиот директор на фестивалот Алберт Барбера во знак на протест да му упатат отворено писмо. Писмото е реакција на мнозинскиот избор филмови на мажи режисери, но и на одговорот на Барбера, кој на прес-конференција објасни дека во изборите на филмовите се водел од „квалитетот на филмовите, а не од полот на режисерите“.

Барбера појасни дека веднаш би поднел оставка кога на фестивалот би му биле наметнати какви и да се квоти. „Ќе ви кажам без заобиколување. Оној ден кога ќе морам да изберам филм само затоа што го режирала жена, ќе побарам друга работа“, рече. Призна притоа дека филмовите на женските автори во програмата дефинитивно се во малцинство, 15 од сите селектирани 70 наслови. За тоа вели дека е одраз на бројот на пријавите, и проценува дека од дотогаш 1.650 пријавени филмски остварувања само 21 отсто ги снимиле жени.

Дел од филмовите кои ќе бидат прикажани во Венеција ги избра стриминг платформата Netflix, меѓу кои се и филмот „ The Ballad of Buster Scruggs“, на браќата Џоел и Итан Коен. Во него глумат Тим Блејк Нелсон, Џејмс Франко и Лиам Нисон, а станува збор за шест приказни за американскиот Див запад.

Наспроти фестивалот во Кан кој му забрани пристап на Netflix на Кроазета, на Мостра сметаат дека неговата продукција е неизоставен дел од филмската реалност, на што сепак многумина се противат.

Најочекуваната гостинка на фестивалот годинава ќе биде провокативната американска поп ѕвезда Леди Гага, коај со Бредли Купер игра во римејкот на филмот „Ѕвездата е родена“, холивудски класик од 1954 година во кој настапува и актерската и пејачак легенда Џуди Гарланд. Филмот ќе биде прикажан вон конкуренција.

Последниот филм на Орсон Велс „Другата страна на ветерот“, во кој една од главните улоги ги толкува хрватската актерка Оја Кодар, неговата животна партнерка, ќе биде прикажан вон конкуренција на годинешниот Меѓународен филмски фестивал во Венеција. Сцанариото е на Велс и Кодар, но до смртта на режисерот во 1985 година останал недовршен. Кон крајот на годината овој долгоочекуванфилм ќе биде прикажан и на Netflix, кој и го продуцира.

Во фестивалската конкуренција многу се очекува и од уште еден римејк, зад кој стои Лука Гуадањино кој се одлучи да го преработи „ Suspirie“ на Дарио Аргенто. На Мостра доаѓа и Оливие Асеја со филмот „Double vies“ во кој игра неговата омилена актерка Жулиет Бино, а меѓу филмовите од главната програма коишто ветуваат филмските критичари ги издвојуваат и филмота на Карлос Рејадас „Наше време“, „Петерлу“ на Мајк Лејф, „Фаворитот“ на Јоргос Лантимос и „Зан“ на Шиниу Тсукамото. Покрај Гуадањи, единствен Иалијанец во конкуренција е Марио Мартоне со филмот „Капри Револуција.

Организаторите уште претходно објавија дека на 81-годишната британска актерка Ванеса Редгрејв и на 75-годишниот канадски режисер Давид Кроненберг ќе им бидат врачени наградите за животно дело.