Иванов се сретна со жителите на Центар

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска оствари средба со граѓани во центарот на Скопје и притоа го посети пазарот „Буњаковец“ и ТЦ „Буњаковец“.

Во пресрет на вториот изборен круг, претседателот Иванов ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање, посочувајќи дека од нивниот избор ќе зависи иднината на државата.

Во разговорите со граѓаните Иванов ја претстави својата изборна програма, истакнувајќи дека таа содржи остварливи ветувања и реални обврски.

Воедно, граѓаните ги изнесоа своите  видувања во однос на актуелните случувања во државава, и разменија предлози и идеи за можни идни проекти во нивни интерес.

Граѓаните ги поздравија досегашните политики и активности на претседателот Иванов и му изразија поддршка за во иднина.