
Вчера наутро во полиција било пријавено дека во казино на скопската улица Народен фронт две маскирани лица со закана со пиштол извршиле разбојништво над вработената и од касата зеле околу 50 000 денари.
Потоа, со употреба на физичка сила тие зеле и 5 500 денари од двајца посетители на казиното.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на настанот.