Средба на политичките лидери коишто се „за“ референдумот

На иницијатива на премиерот Зоран Заев, денеска ќе се одржи средба на лидерите на политичките партии  кои даваат поддршка на референдумот на 30-ти септември и процесите кои што се во насока на полноправно членство на Македонија во ЕУ и НАТО.

Тема на вечерашната средба е референдумот и најважната државно-политичка цел: евроатланскиот пат на Република Македонија, приоритети од кои зависи иднината на државата и сите наши граѓани, соопшти СДСМ.

Средбата ќе се одржи во „Холидеј ин“ во Скопје, со почеток во 20 часот.