Груевски најави инвестиција и 5.000 нови вработувања

Турската групација WEIBO, компанија од областа на текстилната индустрија  донесе одлука да инвестира во северноистониот регион на Македонија.

Почетната инвестиција ќе изнeсува околу 180 милиони долари, а со истата ќе се отворат од 4.000 до 5.000 нови работни места.

Проектот ќе почне кон крајот на 2014 година и да биде во функција до крајот на 2015 година.

gruevski fejs„Нашата првенствена задача како влада и политичари е подобрување на стандардот на граѓаните. Мој личен фокус беше и останува раст на економијата и отворањето на нови работни места. Исклучително се вредни миговите кога се прават конкретни резултати на тој план. Затоа честитки до граѓаните за новата инвестиција во североисточниот дел која на Македонија и носи нови 5000 работни места и нови 5000 вработувања. Уште еден доказ дека има разлика! Тоа се 5000 семејства. Нашата борба за нови работни места продолжува,“ напиша Груевски на неговиот Фејсбук профил.