Активистите пречекани со табла „Забранет пристап за невработени“

Табла на која пишува „Забранет пристап за невработени“ ги пречека активистите од иницијативата „Го сакам Водно“, откако утринава пристигнале на Водно.

Активистите кои не даваат да се исече шумата и да се уништува природата со градење на гасоводот на Водно биле изненадени откако ја забележале таблата на која пишува „Внимание! Изградба на гасовод – Забранет приспат за невработени“.

На ова активистите со пенкало и на лист хартија напишале „Забранет пристап за уништувачи на природа“.

Активистите денес втор ден со жив штит го бранат Водно. Тие утрово преку соопштение до јавноста наведуваат дека активностите за изградбата на гасоводот преку Водно продолжиле на диво и бараат дебата со директорот на МЕР, градоначалникот на Скопје и заменик министерот на Министерството за животна средина.