Депардје под истрага за наводно силување

Обвинителството во Париз отворило истрага против славниот француски актер, 69-годишниот Жерар Депардје, поради наводно силување и сексуален напад по тужбата предадена во пнеелникот на југот од Франција, пренесуваат медиумите во четвртокот повикувајќи се на судски извори.

„Жерар Депардје апсолутно го оспорува секој напад и силување“, реагирал неговиот адвокат Ервe Темим за агенцијата AFP.

Тужбата против светски славниот актер е предадена на судот во Ез-ан-Прованс, кој отворил истрага, но во средата му ја препуштил на обвинителството на Париз, прецизирал неименуван судски извор.

„Жалам поради јавниот карактер на оваа процедура којашто му нанесува голема штета на Жерар Депардје, чијашто невиност, уверен сум, ќе биде докажана“, додал адвокатот Темим и повикал на максимална воздржаност во почитување на правата на сите странки.

Според дневниот весник Le Parisien, обвинителка е дваесетгодишна актерка и танчарка. Таа тврдела дека актерот двапати сексуално ја злоставувал во текот на пробите за една театарска претстава на 7-ми и на 13-ти август во париски хотел во кој живее Депардје.

Еден од најплодните француски актери Депардје во својата досегашнат кариера глумеше во околу 170 филмови, а меѓународно признание доби и стана познат во 1990 година по главната ролја во американската комедија „Зелена карта“.

Пред повеќе од пет години беше во фокусот на вниманието, откако поради несогласувањата со даночните политики на поранешниот француски претседател социјалистот Франсоа Оланд се пресели во соседна Белгија, а потоа во и во Русија, каде што претседателот Владимир Путин му го одобри барањето за руско државјанство.