ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги злоупотребува македонските евроинтеграции за го оправда штетниот договор кој го потпиша Заев со Грција

СДСМ ги злоупотребува македонските евроинтеграции за го оправда штетниот договор кој го потпиша Зоран Заев со Грција. Капитулантскиот договор на Зоран Заев за промена на името е најштетниот договор некогаш потпишан во историјата на Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со Договорот кој Заев го потпиша со Грција се врши промена на името и на Уставот, се губи македонскиот идентитет се менуваат  јазикот, историјата и националноста. Кај граѓаните повеќе не поминуваат излитените настапи на Заев и картелот, народот јасно ќе препознае што е добро, а што не. За разлика од СДСМ, македонскиот народ знае дека европски вредности не се барање на мито од страна на премиерот, доделување на крвави тендери во Министерство за здравство, а ниту тендери и грантови од Фонд за иновации на семејствата на функционери во Владата и врхушката на СДСМ и картелот, стои во реакцијата и се додава:

Македонскиот народ јасно е определен за ЕУ и НАТО, но нема да го прифати капитулантското дело на СДСМ за откажување државните и националните интереси. Затоа граѓаните ќе го казнат Заев за потценувањето кое го врши со создавање на нови поделби преку кои се обидува да го прикрие криминалот кој го спроведува во државата. Република Македонија и граѓаните ќе победат.