Трамп се заканува со повлекување на САД од СТО, ја критикува ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги повлече САД од Светската трговска организација (СТО – WTO), тврдејќи дека ова меѓународно тело неправедно постапувало кон Соединетите држави, а во интервјуто за агенцијата Bloomberg ги критикува и трговските политики на Европската унија.

„Доколку не се средат, ќе се повлечам од СТО“, вели Трамп. Американскиот претседател тврди дека оваа организација е пречесто против САД, иако признава дека некои неодамнешни пресуди оделе во полза на Соединетите држави.

Меѓутоа, некои анализи покажуваат дека САД добиваат околу 90 отсто од пресудите во случаи кога се тужители, а губат речиси ист процент во случаевите кога има жалби против нив.

Предупредувањето на Трамп за можното излегување на САД од споменатата организација го истакнува судирот меѓу неговата протекционистичка трговска политика којашто произлегува од историските изолационистички американски тенденции и отворениот трговски систем кој СТО го регулира. Организацијата е основана со цел да одреди правила за глобалната трговија и за да се решаваат споровите меѓу земјите, но САД не се единствените кои имаат забелшки на нејзините одлуки.

Вашингтон поледните месеци започна трговски војни на неколку фронта, а најмногу во фокусот на светската јавност беа тензиите меѓу двете најголеми според обемот светски економии кој би можело да има негативно влијание врз глобалната трговија и растот на светската економија. Трамп, настојувајќи да ги принуди другите земји на отстапки во договорите со САД за кои тој верува дека се неправедни, последните месеци воведе царини на увоз на многу стоки на американскиот пазар, во прв ред на кинеските.

Третиот круг царини во изност од 200 милијари долари на кинески стоки, би можел да биде започнат штом биде затворена јавната расправа во текот на следната седмица, пишува Bloomberg.

Замолен да ја потврди оваа информација, Трамп во интервјуто вели дека тоа не е „сосема погрешно“. Американскиот претседател, исто така, вели дека ја одбил понудата од Европската унија да се намалат царините за автомобили, а трговските политики на ЕУ ги нарекува слични на кинеските.

„Не е доволно добро. Навиките на нивните потрошувачу е да ги купуваат нивните автомобили, не нашите“, вели во интервјуто Трамп за понудата од Брисел.

Коментарите на Трамп се објавени само неколку часа откако комесарката на Европската комисија за трговија, Сесилија Малмстром изјави пред претениците во Европскиот парламент дека ЕУ ќе биде „подготвената да ги спушти дури и нашите царини за автомобили на нула, сите царини на нула, доколку и САД го сторат истото“. Автомобилите првично беа исклучени од расправите кои беа насочени на произведена стока купена и продадена меѓу овие два пазари.

Трамп притоа ја успоредува ЕУ со Кина, со којашто вече води жестока трговска војна. „Европската унија е речиси подеднакво лоша како и Кина, само е помала“, вели американскиот претседател.