Ердоган: На Турција ѝ е потребен одбранбениот ракетен систем С-400

На Турција ѝ е неопходен рускиот ракетен систем од типот „земја-воздух“ од С-400 кој ќе го набави што е можно поскоро, потенцираше во средата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Турскиот претседател Ердоган на доделување на дипломите на воените офицери рече дека на Турција ѝ се потребни и бобените авиони „F-35“ и дека нивната набавка ќе продолжи да им ги плаќа на САД. Додаде и дека ќе набави авиони од друг производител, доколку Вашингтон престане да ги испорачува.

„Имаме договор за 120 авиони F-35 да ни бидат испорачани. Без разлика дали е ги обезбедниме илин не, светот веќе не е составен од една земја, Постојат многу алтернативи. Ако тие (САД) не ни ги обезбедат, ќе ги добиеме од друго место или ќе ги произведеме“, порача турскиот претседател.

Во јуни САД симболично ги предадоа првите четири авиони „F-35“ на турските водухопловни сили. Турција нарача вкупно 30 авион „F-35“ а во краен случај оваа набавка може да се зголеми на 120 авиони. Досега „испорачаните“ американски ловци се’ уште се на американска почва, каде што турските пилоти моментално се наоѓаат на обука.

Американскиот Сенат кон средината на јуни ја усвои својата верзија од нацрт-буџетот за 2019 година. Таа предвидува запирање на учеството на Турција во производствената програма на петтата генерација американски борбени авиони од моделот„F-35“, поради нејзините намери да набави руски противвоздушни ракетни системи од типот „С-400“. Меѓу другите причини за ваквата одлука, американските претеници го истакнаа и приведувањето од турските власти на американскиот пастор Ендрју Брансон, обвинет за тероизам и учество во неуспешниот обид за воен удар од 15-ти јули 2016 година.

Турција во споменатиот проект учествува задно со уште осум земји. Нејзиниот удел во развојот требаше да изнесува околу 11 милијарди долари. Од оваа сума Анкара во проектот веќе вложи околу 800 милиони долари, а во замена за тоа САД требаше да ѝ испорачаат најмалку сто авиони.

Односите меѓу Анкара и Вашингтон се влошија откако Турција и Русија минатиот декември потпишаа договор за кредит за набавка на противвоздушните ракетни системи С-400. Анкара ќе купи две батерии од овој систем, коишто ќе ги опслужува исклучиво турски персонал. Двете земји, исто така, се согласија и за технолошка соработка во развојот и производството на С-400 во Турција.

Највисоките претставници на САД и на НАТО повеќепати ја критикуваа Анкара за оваа зделка. Така, помошникот американски државен секретар Вес Мичел, предупреди дека набавката на С-400 може негативно да се одрази на испораките на американските борбени авиони „F-35“ за Турција. Во Анкара тогаш одговорија дека во таков случај, ќе купат ловци од други земји. Како одговор на ваквите закани турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган потврди дека му предложил на својот руски колега по должност Владимир Путин заедничко производство на напредните ракетни системи.

Кон средината на септември 2017 година Москва и Анкара потпишаа договор за набавка напротиввоздушните ракетни системи С-400. Овој договор беше остро критикуван од НАТО, според чиишто лидери ваквата одлука ќе попречи Турција да стане дел од заедничкиот единствен систем на противвоздушна одбрана на сојузот. Анкара возврати дека оваа набавка не претставува закана по безбедноста на НАТО, и појасни дека ѝ се обратила на Русија откако земјите сојузнички одбиле да ѝ испорачаат соодветни противвоздушни системи. Според договорот, Русија следната година во Турција ќе испорача два система С-400, а потоа ќе помага и учествува во производство на уште две батерии во турската воена индустрија.

Изборот на рускиот систем кој ќе биде тешко, но не и сосема невозможно, да се интегрира во поширокиот противвоздушниот систем за западните аналитичари нема многу стратешко значење. Анкара и Москва беа во жесток судир по соборувањето на рускиот бомбардер, но од тогаш многу нешта се променија. Во регионалната политика Анкара и Москва сѐ повеќе се согласуваат, а за возврат турската внатрешна политика Западот сѐ почесто ја опишува како репресивна.

Турција во ноември 2015 година, токму во периодот на заострувањето на односите со Русија, го откажа големиот договор во износ од 3 милијарди евра кој пред две години ѝ беше доделен на Кина, за да ја опреми турската армија со проектили „земја-воздух“, а беше предвидено и заедничко производство, на што се спротиставуваше Вашингтон.

Договорот склучен во 2013 година на големо изненадување, особено на западните сојузници на Турција од НАТО, ја доби компанијата „China Precision Machinery Export-Import Corporation“ (CPMIEC), што предизвика жестоки реакции на САД. Турција под притисокот од сојузниците во НАТО две години подоцна реши да го поништи договорот, наводно поради оглушувањето на кинеската страна да ја усогласи својата технологија во текот на повеќемесечните преговори. Оттоаш Анкара планира да „произведува сопствени ракети, со поддршка на светски признат систем во вооружувањето“.

По доделувањето на зделката за набавка на ракетен систем на Кина во 2013 година и загрижените предупредувачки реакции на САД и на НАТО, Турција тогаш објави дека за тоа е во преговори со Франција, чијашто понуда била полоша од кинеската, но владата откри дека немало нови понуди од западните земји. Системот требаше да биде интегрирани во одбранбениот комплекс на Турција и да се користи без интегрирање во НАТО.

Тендерот за набавка на противвоздушен ракетен систем со долг дострел, инаку Турција го објави уште во 2009 година, а во септември 2013 година беше објавено дека најдобра понуда дала кинеската компанија CPMIEC, која ги победи американските, европските и руските конкуренти. САД тогаш изразија загриженост од тоа што Турција како членка на НАТО се одлучила да соработува со кинеската компанија „China Precision Machinery Import & Export Corp“ (CPMIEC), компанија којашто е под американски санкции поради наодното прекршување на договорот за неширење оружје, односно воена соработка со Иран, Северна Кореја и со Сирија. Притисокот од НАТО врз Анкара предизвика резултатот од оваа понуда за јавна набавка да биде поништен. Меѓу другите, овој тендер претендираа да го добијат американската компанија „Raytheon & Lockheed Martin“ и европскиот концерн „Eurosam“.

Експертите сметаат дека со овој потег Турција сакаше да обезбеди самостојна заштита во регионот, од опасностите кои за неа потенцијално ги претставуваат немирниот Ирак и Курдите кои таму добија автономија а може да се случи тоа да го сторат и во соседна Сирија кои би соработувале со турските Курди кои сакаат отцепување, потоа секогаш непријателски расположената Сирија, како и Иран, кој и покрај некои приближување сѐ уште нема воспоставено потопли односи со Анкара. Се сметаше, исто така, дека со самото тоа што Турција ќе соработуваше со Кина, тоа ќе значи и дека ќе биде насочена на соработка и со Русија, имајќи предвид дека најавениот кинески систем за противракетна одбрана се темели на застарена руска технологија, и за негово модернизирање Анкара ќе треба да ѝ се обрати директно на Москва.