Гризман најдобар играч во Европската лига

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, ланскиот победник на Европската лига и освојувач на Суперкупот на УЕФА, 27-годишнниот француски фудбалер Антоан Гризман, прогласен е во петокот во Монте Карло, во пресрет на ждребот по групите од Европската лига, за најдобар играч во минатогодишното издание на ова континентално натпреварување.

Конкуренти на Гризман, кој летово со француската селекција стана светски шампион, беа неговиот соиграч од Атлетико, Уругваецот Диего Годин, и сонародникот Дмитри Пајет кој со Олимпик Марсеј беше финалист на Европската лига, но во финалниот дуел го спречи повредата поради којашто и ги пропушти настапите на Франција на мундијалот во Русија.

Гризман во осумте лански натпревари во Европската лига шест пати ги затресе противничките мрежи и уште четири пати асистираше за погодок.

Наградата за најдобар играч во Европската лига/ Лига Европа, беше востановена минатата година, а прв добитник беше исто така француски репрезентативец, играчот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.