Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон продолжува со надолниот тренд и во август паднала за шест процентни поени на најниското ниво откако во мај 2017 година ја презема должноста, покажуваат резултатите од месечното испитување на јавното мнение на компанијата Harris Interactive објавени во петокот.
Со 36 отсто позитивно мислење, Макрон губи шест процентни поени во август. Во јули според ова мерење повратил пет процентни поени, по силниот пад од седум поени во јуни.
Популарноста на шефот на владата Едуар Филип паднала, пак, за осум процентни поени во август. Неговата популарност паднала на 34 отсто.
Ова истражување е водено од вторникот до четвртокот по оставката на министерот за еколошка транзиција, Николас Уло. Тој, пак, стана политичар кој ужива најголема доверба кај Французите со 47 отсто позитивен став, односно раст од пет процентни поени.
Анкетата е спроведен онлајн од 28-ми до 30-ти август меѓу 977 испитаници повозрасни од 18 години, според методот на квоти. Маргините на можните грешки се движат меѓу 1,4 и 3,1 процентни поени.