Трамп ја откажа посетата на Азија, ќе патува во Европа

Американскиот претседател Доналд Тремп ќе го пропушти самитот со азиските челници во октомври во Сингапур и Папуа Нова Гвинеја, каде што ќе го замени потпретседателот Мајк Пенс, објави Белата куќа во петокот, откривајќи дека наместо тоа првиот човек на САД ќе патува во Париз, Ирска и во Буенос Аирес.

Трамп требаше да учествува на самитот на САД и Сојузот на државите од југоисточна Азија (ASEAN)во Сингапур, како и на Форумот за азиско-пацифичката економска соработка на Папуа Нова Гвинеја. Ланскиот октомври учествуваше и на двата собира на врвот.

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, соопшти дека претседателот побарал од потпретседателот Пенс да го замени на овие две патувања. Потпретседателот на самитите „ќе ја истакне американската визија на слободен и отворен Индо-Пацифик, врз основа на почитувањето на суверенитетот владеењето на правото и принципите на слободна, праведна и реципрочна трговија“, нагласи Сандерс.

Трамп на 11-ти октомври ќе отпатува за Париз каде што ќе се одбележи стотата годишнина од примирјето со кое е завршена Првата светска војна. „Во Европа претседателот ќе ја посети и Ирска за да ги обнови длабоките и историски врски меѓу нашите две нации“, истакна портпаролката на Белата куќа.

Подоцна во октомври Трамп ќе учествува на самитот на Г20 во Буенос Аирес, од каде ќе отпатува во Колумбија каде што ќе разговара со тамошните челници на безбедносните теми, борбата против илегалната трговија со дроги и регионалните прашања.