Петифер: Преспанскиот договор треба да биде запрен

Џејмс Петифер, професор по балканска историја на колеџот Сент Крос од Оксфорд, повика на запирање на Преспански договор, кој предвидува преименување на македонската држава во Северна Македонија и цел пакет уставни промени поврзани со тоа.

„’Грчкиот министер за одбрана ги обвинува официјалните лица на ПЈРМ за поткопување на односите’ (Кathimerini). Го разбирам погледот на Каменос, но, имајќи ја предвид домашната публика на Димитров, Преспа е осудена на влошување на односите во пракса. Преспа треба да биде запрена“, напиша на својот профил на Twitter балканологот којшто малку пред тоа твитна:

„Среќен сум што сум потписник на ова писмо, кое дава добар, чувствителен став против Преспански ‘договор’, кое лондонски The Guardian одби да го печати“.