Осумнаесет лица се повредени кога авионот од типот „Boeing 737“ на летото од Москва за црноморското летувалиште Сочи при слетувањето ја промашил пистата, при што избил пожар.
Авионот на руската воздухопловна компанија „UTair airlines“ со 164 патници и шест членови на екипажот се излизгал во блиската река со оштетено крило, а потоа се запалил левиот мотор
„По несреќата осумнаесет лица побарале лекарска помош“, соопштија медицинските служби во Сочи. Меѓу повредени има и три деца.
Причините за несреќата којашто се случила во 2,50 часот по локално време, ќе се утврдуваат дополнително во текот на истрагаа. Според портпаролката на аеродромот во Сочи, од срцев удар во текот на спасувачката опрација, починал еден аеродромски службеник.
Ова е втор ваков инцидент по последните десетина дена во Русија. Утрото на 22-ри август авион „Ту-2-14“ на компанијата „Red Wings“ кој леташе од Уфа за Сочи со 204 патници беше принуден да се врати на аеродромот во главниот град на Башкортостан, поради пожар на левиот мотор. Во тој инцидент немаше повредени, а Државната истражна комисија утврди дека инцидентот бил поради уништување на лопатките на компресорите со висок притисок пори што избувнал пожарот.